период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 20.04.2017, 15:25

НАУМ ПЕТРЕСKИ ПОДГОТВЕН ЗА СЛАВЕНИЧKИОТ KОНЦЕРТ

Мојот последен албум секој гостин ќе го добие бесплатно

Во познат скопски ресторан Наум Петрески ги собра новинарите и блиските пријатели и соработници за да ги објави последните детали за својот славенички концерт закажан утревечер во „Метрополис арената“. Докажаниот фолк-интерпретатор, кој со шоуто одбележува 30 години естрадна кариера, најави дека настанот нема да биде обичен концерт, туку несекојдневен музичко-сценски настап со многу гости и изненадувања.

- Секој посетител на концертот ќе го добие подарок моето актуелно цеде „Грло ненапеано“. На сцената како специјални гости ќе ми се придружат Виолета Томовска, Зуица Лазова, Румјана Попова, Димитар Димитров - Градевец и поп-пејачите Ѓоко Танески и Јоце Панов, со кои снимив заеднички песни - информира Петрески.

Пејачот нагласи дека во договор со својата матична продукција „Аворд промоушн“ одлучил влезниците да се продаваат по симболична цена колку да се покријат техничките и сценските трошоци.

- Од „Има ли песна“ до „Грло ненапеано“ има многу хитови што сакам заедно да ги запееме во што поголем број. Дојдете да се вратиме во времето, да ни затреперат емоциите, срцата, а мене и гласот - истакна Петрески.

#



Останати вести
„Парамор“ се враќа со нов албум
Ревија во цветна градина на покрив
Македонската транзиција низ очите на Гуру Харе
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести