период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 20.03.2017, 16:25

Фатен крадец што ограбил менувачница во Гостивар

Полицијата го уапсила Џ.И. (23) од гостиварското село Дебреше осомничен дека пред неколку дена ограбил менувачница во Гостивар и украл 2.110 американски долари. Од полицијата информираат дека била поднесена кривична пријава и против М.С. (41) од гостиварското село Неготино, вработен во менувачницата. Тој лажно пријавил дека бил украден и сеф со 6.540 евра. Против Џ.И. е поднесена кривична пријава за тешка кражба, а М.С. е осомничен за лажно пријавување.

Според полицијата, Џ.И. во петокот околу 3.30 часот провалил во менувачницата на улицата Браќа Гиноски и украл 2.110 долари. Наредниот ден кога М.С. пристигнал на работното место забележал дека била извршена кражба и пријавил во полиција, но покрај одземените пари, лажно пријавил дека од менувачницата бил украден сеф во кој имало околу 6.540 евра.

#



Останати вести
Разбојници претепале маж во куќа во Бутел
Двајца тетовци прободени со нож
„Молотов коктел“ фрлен во кафуле во Тетово
Гледале фудбал, па украле 5.000 евра од обложувачницата
Загина тракторист во Kумановско

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести