период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 20.04.2017, 16:50

Валандовчанка продавала фалсификувани тренирки и петарди

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против С.В. (44) од Валандово која продавала фалсификувани тренерки и петарди, информира МВР. Таа се товари за кривичните дела повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Полицијата во март годинава извршила претрес во домот и помошните простории на С.В. и запленила 1.685 петарди и 21 тренирка со ознака „адидас“, кои се фалсификат. Тренирките не биле произведени од страна на носителите на правото и не биле пуштени во промет со нивна согласност, немале безбедносна етикета која вклучувала информации за производот, сериски број, потекло, бар-код.

#



Останати вести
Со пиштол ограбил казино
Украл радио од автомобил
Фатен шверцер на ракија
Грабеж во обложувачница
Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени
Уапсен крадец кој провалувал во цркви

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести