период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 20.03.2017, 15:23

ЕУ наJавува „земи или остави“ договор за БританиJа

Јункер: Ќе ја казниме Британија за брегзитот како пример за другите членки

Претседателот на Европската комисија, Жан-Kлод Јункер истакна дека Британија ќе биде третирана како трета земја по брегзит, а „разводот“ ќе биде толку лош за Велика Британија што ќе ги одврати сите други земји од напуштање на блокот, пренесе порталот „Брејтбарт“.

-Другите 27 земји членки ќе видат од примерот на Велика Британија дека напуштањето на ЕУ е лоша идеја – рече Јункер за германски „Билд“ и додаде дека оние земји кои ќе останат во Унијата повеќе ќе се засакаат и ќе ги обноват заветите кон ЕУ.

Прашан за преговорите за брегзит, Јункер рече дека ЕK има подготвено с` до последниот детаљ и предупреди дека Британија ќе треба да се подготви да биде третирана како трета земја.

- Нема да има да има получленство или селективно одбирање на најпогодните нешта. Во Европа, изборот е да се јаде од тоа што е на масата или воопшто да не се седнува на маса. Ние сме подготвени. Поподготвени сме од британската страна – порача претседателот на ЕK, што се толкуваат како понуда „земи или остави“.

Во изјава за „Билд“, Јункер дополнително посочи дека Британија е аутсајдер и ќе мора да се навикне на идејата дека нема да биде сметана за еднаков партнер на ЕУ.

Службениците од ЕУ се подготвуваат за заминувањето на Британија бидејќи разговорите се отвораат во јуни и тие инсистираат дека нивната страна нема да трепне ако британската влада одлучи да ја напушти ЕУ без договор. Британски „Експрес“ пренесува дека Мишел Барние, кој е главниот преговарач за брегзит од ЕУ, наводно подготвува договор кој ќе биде предуслов за сите трговски договори. Наводниот ултиматум, според британскиот медиум, доаѓа додека Брисел тврди дека Британија има финансиски долгови кои треба да ги израмни со ЕУ, иако конечната сума с` уште не е договорена. Според Јункер, „разводот“ меѓу Британија и ЕУ ќе чини од 20 до 60 милијарди фунти.

Неименуван извор од ЕУ за „Тајмс“ изјави дека тие се поподготвени за процесот од Велика Британија. Kако дел од условите, Барние наводно ќе бара судии од ЕУ да ги надгледуваат клучните аспекти на брегзит.

Јункер додаде дека односот на ЕУ со американскиот претседател Доналд Трамп е нешто што е слично на отуѓување.

- Фактот дека американскиот претседател ја поздравува одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ и ги охрабрува другите земји да ја следат, е невиден феномен. Треба да се вклучиме во интензивен дијалог – порача претседателот на ЕK.

По изборите во Холандија, Јункер ги повика Европејците да му одолеат на подемот на популизмот на континентот.

-Ако само седат во нивните фотелји додека популистите маршираат, вториве секогаш ќе бидат еден чекор понапред – рече Јункер.

Меј најави датум за брегзит, ЕУ побара итни разговори

Британската влада на 29 март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што практично ќе почне процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, соопшти вчера од британската влада. Британскиот амбасадор во ЕУ, сер Тим Бароу, вчераутро ја информира канцеларијата на претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, за намерата на Британија за активирање на членот 50, пренесе британски „Експрес“.

Почнувањето на процесот за брегзит беше овозможено откако на 16 март кралицата Елизабета Втора формално го одобри законот за процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, што претходно беше усвоен од двата дома на британскиот Парламент.

Во исто време, од Брисел дадоа одлучен одговор на најавата порачувајќи дека се подготвени. Портпаролот на ЕK, Маргаритис Шинас изјави дека еврократите се подготвени веднаш да ги започнат разговорите и дека сакаат детален план. Тој додаде дека од нивна страна с` е подготвено и откри дека од Даунинг стрит претходно им се јавиле на некои еврократи за да ги известат за историската најава.

„Ле Пен нема да стане претседател на Франција“

Зборувајќи пред обележувањето на 60-годишнината од создавањето на ЕУ, Јункер нагласи и дека ЕУ ќе ја преживее Ле Пен бидејќи таа нема да стане претседател.

-Дури и ако стане претседател, тоа нема да стави крај на европскиот проект. Но, сигурно дека ќе го потресе бродот. Па, се надевам дека проевропските сили во Франција ќе победат – истакна Јункер.

#



Останати вести
Зигмар Габриел: Ние сме толерантни, но не сме глупави!
Израел ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести