период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 20.03.2017, 15:20

Македонските млади ракометарки се пласираа на ЕП

Со победата над Фарските Острови од 23-19 на последниот натпревар од квалификационата група 1, женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (до 19 гола) избори учество на Европското првенство, што од 27 јули до 6 август ќе се игра во Словенија.

Победата над Фарските Острови беше втора за Македонија во групата откако претходно беше совладана Молдавија. Македонија го освои второто место во групата зад Унгарија. Најефикасна на натпреварот беше Леонида Гичевска со 7 гола, а Марија Гајиќ постигна 6.

На Европското првенство ќе играат следниве 16 репрезентации: Македонија, Унгарија (група 1), Шпанија, Романија (група 2), Франција, Црна Гора (група 3), Хрватска, Холандија (група 4), Шведска, Србија (група 5), Португалија (група 6), Норвешка (група 7), Германија (група 8), Данска, Русија и Словенија директно се пласирани.

#



Останати вести
Ангеловски: Ќе одиме да ја извојуваме првата победа
Работнички и Kарпош Соколи се радуваа во Суперлигата
Брест Мешков домаќин на завршницата од СЕХА-лигата
Федерер игра како во најдобрите денови
Спортинг Лисабон му фрлил око на Ристовски
Милевски: Црна Гора ќе биде последна проверка за новата генерација

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести