период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 10.01.2017, 16:01

ФУДБАЛ - И ВО ИЗБОРОТ НА ФИФА ПОРТУГАЛЕЦОТ Е НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ

Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата

Португалецот Kристијано Роналдо и во изборот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е прогласен за најдобар играч за 2016 година. Вакво признание претходно и во режија на спортскиот магазин „Франс фудбал“, кој доделува „Златна топка“ за најдобриот, доби Португалецот кој ги обедини годинава одвоените избори со освојувањето на двете награди. Противкандидати во трката за најдобар според ФИФА, во која одлучуваа гласовите на селекторите, капитените, новинарите и гледачите, му беа лутиот и вечен ривал од Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, како и францускиот интернационалец од редовите на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

- Не ми е првпат да добијам вакво признание. Ова е прво вакво признание по разделбата на ФИФА и „Франс фудбал“. Среќен сум и благодарен на сите соиграчи од Реал Мадрид, тренерот Зинедин Зидан, моето семејство. Зад мене е најсреќната година во кариерата. Се гордеам на оваа награда, но истовремено и жал ми е што играчите на Барселона не се појавија на свечената церемонија во Цирих - беше првата реакција на добитникот Роналдо, кој во 2011 год. кога „Златната топка“ ја доби Меси, не се појави на церемонијата.

Португалецот Роналдо изминатата година со Реал ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, а со репрезентацијата на Португалија стана европски првак.

Признанието најдобар тренер го понесе стратегот на сензационалниот англиски првак Лестер, Kлаудио Раниери. Искусниот италијански стратег собраа повеќе гласови во конкуренција на селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, и од тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.

- Благодарам на сите што гласаа за мене, за моето семејство, сопругата, агентот, претседателот на Лестер и играчите. Тоа што се случи минатата сезона беше неверојатно - рече Раниери.

ФИФА на свеченоста додели и признанија за најдобра фудбалерка на Американката, Kарли Лојд, за најдобар погодок наградата „Пушкаш“ ја однесе Мохд Фаиц Субри за погодок постигнат во малезиската лига, а признание за извонредна кариера доби и футсал-играчот Фалкао.

Со признание за ферплеј беше награден Атлетико Насионал, кој иницира титулата од Судамерикана купот да му биде доделена на клубот Чапекоенсе, чии играчи животот го загубија во авионската несреќа на пат за финалниот меч.

Навивачите на Борусија Дортмунд и на Ливерпул се прогласени за најдобри во изминатата година.

Само Нојер и Алвеш не се од Реал и Барселона во идеалниот тим за 2016 година

ФИФА го промовира и идеалниот тим за 2016 година, во кој само голманот Мануел Нојер од Баерн и Дани Алвеш од Јувентус не се членови на шпанските гиганти Реал и Барселона.

Идеален тим: Нојер – голман, Авеш, Серхио Раомс, Марсело, Жерар Пике, Тони Kрос, Лука Модриќ, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Луис Суарес, Kристијано Роналдо.

#



Останати вести
Дејвис го предводеше Њу Орлеанс за триумф над Њујорк
Црвена звезда го задржа максималниот ефект во АБА-лигата
Гонзалес ги почна подготовките на Вардар со десетмина ракометари
ФИФА изгласа завршница на СП со 48 репрезентации од 2026 година
Јотовски игра со Хочевар во Мајами
Пелистер го договори и Ѓорѓи Мојсов
Вардар во стројот со новакот Демири, Шкендија со тренерот Брдариќ
Ангеловски и Пандев „петките“ ги доделија за Роналдо
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести