период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.10.2014, 18:08

интервЈу: УДО УЛФKОТ ПОРАНЕШЕН НОВИНАР НА „ФРАНKФУРТЕР АЛГЕМАЈНЕ ЦАЈТУНГ“

Германската разузнавачка служба пишуваше текстови што се објавуваа под мое име

Жана П. Божиновска

Kнигата „Kупени новинари“ е последната книга на долгогодишниот германски новинар Удо Улфкот, кој со години работел во германскиот „Франкфуртер Алгемајне цајтунг“, а вели дека го напуштил новинарството поради с` она што се случува во професијата. Бил еден од водечките новинари во весникот, а подоцна и политички уредник. Во периодот од 1986 до 1998 година живеел во муслимански земји - Ирак, Иран, Авганистан, Саудиска Арабија, Оман, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јордан и во тој период патувал во над 60 држави.

Kако новинар напишал повеќе книги за безбедносни прашања. „Џихад во Европа“, „Војна во темнината - Вистинската моќ на разузнавањето“, „Безграничен криминал“, „Пазар на крадци“ (за индустриската шпионажа), „Пророк на теророт“ и „Војна во нашите градови“ (за исламизмот и тероризмот) се дел од насловите на книгите чиј автор е Улфкот.

Во интервју за „Дневник“ вели дека европските новинари се „затвореници“ на американските служби, трансатлантските организации и фондови, а за себе тврди дека со години бил присилуван да лаже. „Но, луѓето треба да ја знаат вистината“, вели Улфкот.

Во 2013 година добил награда за својот долгогодишен труд во врска со феноменот на тероризмот.

Откако го напуштил новинарството, работи како советник за безбедносни прашања и пишува книги.

Пред извесно време рековте дека професијата новинар во Европската Унија значи неофицијален соработник со тајните служби. Што мислите точно со ова, имате ли лично искуство за да го тврдите тоа?

- Ова се однесува само на водечките новинари на главните медиуми. Притоа не мислам на храбрите новинари кои се вработуваат и се отпуштаат. Мислам на новинарите што патуваат со политичарите и кои се блиски до елитата и до тајните служби. Самиот јас бев еден од овие луѓе со години. И сега се срамам од она што го правев. Има толку многу поткуп.

Може ли да кажете конкретен пример како функционира тоа?

- Германската разузнавачка служба (БНД) пишуваше текстови во мојата канцеларија кои потоа беа објавувани под мое име. А ЦИА, пак, ми плати за мојата опрема за нуркање, на пример. Па јас станав почесен граѓанин на американската држава Оклахома за известување на она што ЦИА сакаше да го известувам. Се чувствувам многу засрамен, се срамам од тоа. Моите колеги го правеа истото. Не сакам да живеам со тој товар.

Зошто мислите дека европските новинари се затвореници на американските служби, трансатлантските организации и фондови?

- Многу е едноставно. Ако не известувате проамерикански, ја губите работата во главните медиуми како водечки новинар. Го губите она што јас го сметав за џекпот, а тоа е дека тие плаќаат с`. Земете ги, на пример, Германскиот маршалов план, институтот „Аспен“, „Атлантик бриџ“ и други. Сите тие се основани од ЦИА.

Долго време работевте за германскиот „Франкфуртер Алгемајне цајтунг“, ама сега велите дека она што го пишуваат влијателните европски медиуми е нарачана пропаганда. Зошто решивте да го кажете тоа јавно, токму сега?

- Ја следев украинската криза. И видов како мои пријатели на високи новинарски позиции лажеа бидејќи САД сакаа тие да лажат. Тие секогаш ги обвинуваа Русите за с`. Но, дури ни ЦИА не сакаше да го следи американскиот претседател Барак Обама. Пензионирани ветерани на ЦИА излегоа во јавноста и тврдеа дека има многу лаги. А јас го знам тоа. Бев воен известувач цели 11 години и со години бев присилуван да лажам. Повеќе не сакам да го правам тоа. Луѓето мора да ја знаат вистината.

Во Вашите книги зборувате за ЕУ како заедница на банана-држави. Што значи тоа?

- Тоа значи дека тие го прават она што САД сакаат да го прават. Тие се како американски колонии. Јас не сум антиамериканец. Само ја гледам реалноста. На пример, мнозинството германски граѓани не сакаат да имаме нуклеарки, но Американците н` присилуваат да имаме американско нуклеарно оружје во Германија. Ние сме колонија на САД.

Со оглед дека со години живеевте на Блискиот Исток и бевте сведок на многу значајни случувања таму, може ли да кажете колку опасен е исламизмот сега во тој дел од светот, но и во Европа?

- Зборувам арапски, го изучував Kуранот, 11 години живеев со муслимани и во Херат, Авганистан, со нож под грлото бев присилуван да се преобратам во исламот или ќе ми биде отсечена главата. Верувајте, знам за што зборувам. Нашите политичари во Европа немаат претстава за опасноста од исламизмот.

Зошто толку многу Европејци се приклучуваат на ИСИС, па дури и многу млади момчиња и девојки?

- Се приклучуваат бидејќи ние се откажавме од нашите вредности. Ним им се потребни вредности. А исламот им ги дава тие вредности. Многу добро можам да ги разберам. Во Европа каде што хомосексуалците и сексот со секого и секаде вреди повеќе од христијанството и вредностите на нашите родители, младите бараат силни вредности. А ИСИС тврди дека има вредности за кои треба да се борат. Западот, особено Европа, повеќе нема вредности. Нашите политичари се само корумпирани марионети и младите го разбираат тоа многу добро.

Во безброј ситуации морав да лажам

Имам одговорност да се искупам за с` што лажно сум пишувал, иако знам дека поради мојата книга, сигурно ќе се обидат да ме тргнат. Имаше безброј ситуации во кои морав да лажам, но потсетувам на една:

Во 1988 година Kурдите беа нападнати со антракс и бојни отрови. Бев испратен на границата меѓу Ирак и Иран да направам фотографии од Иранци кои се нападнати со бојни гасови. После тоа во јавноста излезе само една мала фотографија во еден мал весник во Франкфурт, а во текстот никаде немаше информација дека Германија со децении по Втората светска војна користела воени отрови и гасови и дека со нив убивала луѓе. Kористењето е строго забрането, а јас никогаш за тоа не смеев да известувам, вели Удо Улфкот.

#



Останати вести
Македонија седум дена дише опасен воздух
Намален бројот на тепачки во автобусите на ЈСП
Во Гостивар одземени 29 компјутерски куќишта без лиценцирани софтвери
Над еден милион деца годишно се жртви на трговијата со луѓе
Секој четврт Македонец има алергија
По­диг­на­то об­ви­не­ние и за Пер­ков за слу­ча­јот „Шпи­он“
„Здравјето е избор“ - За поздрав начин на живот
Магдинчев повеќе не е селектор на женската репрезентација
И општина Центар присилно ќе наплатува данок на имот
Вардар и Шкендија нема да носат навивачи во Тетово, односно Скопје
Македонија ќе може да користи 400 милиони долари за поинтензивен развој
МРТ: Не сме ја симнале „Хихириху“ од програмата
Стара слика на Гоце Делчев и југословенски рамки за гоблени чекаат купувачи
И Kавадарци планира зонско
Ме врзаа, 13 часа ме мачеа со електрошокови и ме снимаа со мобилен
Надлежните тврдат дека Косовецот нема ебола, анализи нема да се прават
Премиера на филмот „До Балчак“ утревечер во Скопје
Стефанов: Ќе го вратиме победничкиот дух кај шампионот
Кели Брук видена со Дејвид Мекинтош
Пукал во училишен двор
Џад Ло очекува очекува петто дете
„Макстил“ и „Југохром“ нема да работат по 31 октомври, другите мерки под прашалник
Чарли Шин нема да се вери со порноактерката
Роденденска монографија и сала по светски стандарди
Синот на Бајден отпуштен од морнарицата поради употреба на кокаин
Битолчанка платила за хотел со лажни евра
Kако словенско-православниот ИСИС го тероризира Kим Мехмети
Шпанците најавуваат исклучување за Србија и за Албанија од квалификациите
Ќерките на Џегер се модни ѕвезди, а на Тајлер и Kравиц - успешни актерки
Мајкл Џексон - најплатениот славен покојник
Минимален пораз на Атланта од Чикаго
Фотографии од свадбата на Кенеди продадени за 34.000 долари
Во ноември во МНТ ќе се игра 24 часа без престан
Пациент со симптоми слични на ебола примен во болница во Приштина
Александар марширал низ 14 современи општини на Македонија
Рама потврди дека ќе оди во Белград на 22 октовмри
Комплетно реновирана сала во домот на културата во Валандово
Подигнавме кредит, привршуваме со инсталирање на системот за отпрашување
Седум плутони во знак на седумте тажни години без Тоше Проески
По 100-тина прегледи дневно
Кил без Палмарсон против Металург
Во Белград заврши парадата на која гостин беше Путин
Фабрика за етанол ќе се гради од 2016
Прекршочни казни од 200 евра за дивеењето во Тетово

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
MISHKO, 17.10.2014 09:40:55
Да ова го знаеле ограничените репортери без граници,верувам тогашниот канцелар не би знаел каде му е главата од жестоки замижувања на истите.Исто така се чувствува и Камерон после жестокиот НЕнапад на ограничените репортери,кој ептен го заштитија г.у на Гардијан од тајните служби.Убеден сум дека ограничените репортери без граница само служат за заплашување на земји како нас,и таму само можат да покажуваат атрофирани мускули кога се работи за медиумите и медиумската слобода.
Dimitar, 17.10.2014 14:06:40
Po implikacija, SAD stojat celosno zad blokadata na Makedonija. No seuste ima mnogu luge shto se prepravaat deka ne e taka, sigurno im e naredeno od istite centri i dobro plateni se za taa usluga mislam sega na vnatreshnite Makedonski dushmani.
Најнови вести