период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 20.04.2017, 17:52

Мултикултурна работилница во ОУ „Војдан Чернодрински“

Под мотото ,,Што сме по националност? Ние сме другари“, основците од училиштата „Војдан Чернодрински“ од Општина Kарпош и ,,Лирија“ од Општина Чаир вчера учествуваа во мултиетничкиот проект инициран од невладината организација ,, Заеднички визии“.

Ова е трета работилница во рамките на мултикултурната соработка на основното училиште со која ученици од различна национална припадност се запознаваат меѓу себе. Директорката на ОУ „Војдан Чернодрински“, Христина Ристевска изрази големо задоволство што токму ова основно училиште од Kарпош е домаќин на училиштето од Чаир каде што учат основци од различна национална и етничка припадност, пред с` од албанска и турска.

- Нашето училиште е секогаш отворено за ваков вид меѓуучилишна соработка, преку која се уриваат етничките бариери и стереотипи. Учениците од двете училишта одлично се прифатија меѓу себе преку разните видови на проектни задачи, како што се цртање, пишување и особено преку изведба на музички нумери кои ја претставуваат нивната автохтона култура - истакна Ристевска.

Таа потенцира дека и во иднина ова училиште ќе биде промотор и поттикнувач на вакви настани преку кои основците ќе се зближуваат низ дружби, спортски игри, музички изведби и други училишни активности, со цел да се намали етничкиот јаз помеѓу учениците и да се изградат во одговорни и совесни граѓани на Република Македонија.

#



Останати вести
Во автобусите на ЈСП лани превезени 45,9 милиони патници
Од вторник почнуваат уписите во трите градинки во Центар
Одговорни компании и организации засадија 70 дрва во Градскиот парк

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести