период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 11.01.2017, 14:49

МАДОНА НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ПЕНЗИЈА

Никој не ги прашува мажите кога ќе престанат да работат

Иако е една од најуспешните жени во музичката индустрија, поп-дивата Мадона признава дека во текот на целата своја кариера се чувствувала угнетено.

- Знам дека луѓето ќе помислат дека е смешно ова што го кажувам затоа што сум успешна, бела, богата поп-ѕвезда. Но, добивам удари во текот на целата кариера, а повеќето од тие удари се затоа што сум жена и затоа што одбивам да живеам конвенционален живот. Создадов многу неконвенционално семејство. Имам љубовници што се три децении помлади од мене. Се чини дека јавноста се чувствува многу непријатно поради тоа - смета 58-годишната пејачка во интервју за магазинот „Харперс базар“.

Таа истакнува дека желбата да ги инспирира луѓето ја поттикнува и понатаму да создава.

- За мене, творењето уметност е како дишењето; не можам да замислам да не го правам тоа. Со поранешниот сопруг се каравме на таа тема кога ќе ме прашаше: „Зошто мораш повторно да го правиш ова? Зошто мораш да снимиш нов албум? Зошто мораш да одиш на турнеја? Зошто мораш да снимаш филм?“ Зошто морам да му објаснувам некому? - вели ѕвездата.

Според неа, таквите прашања се крајно сексистички.

- Го прашува ли некој Стивен Спилберг зошто с` уште снима филмови? Зарем не е доволно успешен и богат? Дали некој му пришол на Пабло Пикасо да му рече: „Добро, имаш 80 години, зарем не сликаше доволно?“ Не. Изморена сум од такви прашања - нагласува таа.

Мадона деновиве подготвува нов филмски проект, „Сакана“, инспириран од романот „Невозможните животи на Грета Велс“. Ѕвездата учествуваше во пишувањето на сценариото и самата ќе го режира филмот.

#



Останати вести
Браќата Џоел и Итан Kоен ќе снимаат серија
Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести