период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 18.05.2017, 17:10

Од стан во Штип украл куфер со оружје

Тројца штипјани на возраст од 26 до 47 години се осомничени дека украле куфер со оружје од стан во Штип, информираа од МВР. Против нив е поднесена кривична пријава за тешка кражба, како и за прикривање кривично дело.

Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 24 јануари до 26 февруари годинава, кога сопственикот на станот на улицата Широк дол не бил дома. Тогаш едниот од осомничените со употреба на сила и нагодлив алат провалил и во една од собите пронашол и зел куфер. Според сопственикот, во куферот имало пиштол „чешка зброевка М75“ калибар 9 милиметри, дозвола за поседување и носење огнено оружје на име на сопственикот, две рамки за пиштол со три куршуми од истиот калибар. Освен куферот, крадецот однел плазма-телевизор, разновидна женска бижутерија, брусилка и друг електричен алат со што предизвикал материјална штета од околу 76.000 денари. Иако знаеле дека станува збор за украдени предмети, другите двајца осомничени, од кој, едниот посредник, ги купиле оружјето и муницијата.

#



Останати вести
Од обложувачница украдени 4.000 денари
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Тинејџери претепале малолетник во автобус
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести