период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 18.05.2017, 16:30

KОШАРKА - ТРЕТ МЕЧ ОД ФИНАЛНАТА СЕРИЈА ЗА ШАМПИОН НА МАKЕДОНИЈА

Kарпош соколи се враќа во „Јане Сандански“ да направи брејк

МЗТ Скопје Аеродром и Kарпош соколи вечерва (19 ч) во салата „Јане Сандански“ го играат третиот меч од финалната серија за шампион во кошаркарското првенство на Македонија. Моментниот резултат е 1-1 во победи. Финалистите како домаќини ја искористија предноста пред својата публика да забележат победи. Финалната серија се игра кој прв до три добиени меча.

Тешко е да се предвиди победникот во оваа серија затоа што противниците кои сезонава беа македонски претставници во регионалната АБА-лига се со изедначен квалитет. Ако победи МЗТ Скопје, тоа најверојатно ќе значи сигурна мајсторка пред своите гледачи, ако Соколи успеат да направат брејк, ќе се доведат во ситуација во следниот меч на свој терен да се борат за првата титула во клупската историја.

АБА-лигашите се крајно мотивирани да победат во финалето. МЗТ како домаќин има предност во овој меч, но далеку дека тоа дека ќе биде и решавачка, што се покажа со неизвесниот прв меч.

- Го немаме тој квалитет, да се однесуваме и да играме опуштено и лежерно бидејќи на другата страна е силен ривал кој знае да казни таков однос. За новата пресметка треба да ги коригираме слабостите кои ги покажавме и да играме како во последната четвртина од вториот меч - смета Анте Назор, тренер на МЗТ Скопје Аеродром.

Последната четвртина во вториот меч МЗТ Скопје ја доби со 37-23 и ако успее да го одржи тој степен на концентрација и интензитет на игра низ целиот меч, многу веројатно ќе се радува на крајот. Но осцилациите во играта му прават проблеми во текот на целата сезона на шампионот МЗТ Скопје. Ќе најде ли Назор излез од овој проблем. Вториот меч заврши со вкупен резултат 104-93 за Соколи, а како контраст на оние 37 поени постигнати во последната четвртина, МЗТ во втората и во третата четвртина, постигна 16, односно 14 поени, или вкупно 30. Со такви осцилации проблемите да се стигне до посакуваната победа се неизбежни.

Мора да се каже дека Соколи во првиот меч како гости му зададоа многу повеќе проблеми на домаќинот, одошто МЗТ како гостин им зададе на кошаркарите од Kарпош. Во првиот меч МЗТ едвај дојде до победа 77-76, а со малку повеќе среќа ситуацијата за Соколи можеше да биде многу поповолна.

Судејќи по тој меч, може да се каже дека вечерва следува уште еден неизвесен натпревар, со мотивирани гости да направат брејк и домаќини кои посакуваат да не ја изгубат предноста на домашниот терен во конечната разврска за титулата.

- Победата во вториот меч беше историска за Kарпош соколи во една финална серија и тоа заслужува респект. Kој ќе успее побрзо да се регенерира, тој ќе биде поблиску до победата во следниот меч – порачува Драган Николиќ, тренер на Kарпош соколи.

#



Останати вести
На повидок нова војна меѓу ФИБА и клубовите
Гризман: Јувентус ќе стане европски првак, а Буфон ќе ја кренe „Златната топка“
Словенецот Балтиќ нов селектор на македонските одбојкари
Пристигна првиот од трите можни пехари сезонава во Торино
Миленковски: Битола заслужи по 16 години да се радува на трофеј

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести