период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 10.01.2017, 16:37

Две третини од Швеѓаните ги сметаат САД како проблем за светскиот мир

Бурната година во американската политика остави белег и во Шведска, па резултатите од новите испитувања покажуваат дека бројот на Швеѓаните што гледаат на САД како на проблем за мирот и безбедноста е значително поголем од лани, пренесе шведски „Локал“.

Секоја година шведската Агенција за граѓански непредвидливости (МСБ) ги испитува граѓаните за своите мислења за граѓанската подготвеност, безбедносната политика и одбраната. Изданието за 2016 година покажува дека шведската загриженост за светот е висока, па 73 отсто од испитаниците велат дека чувствуваат голем страв за политичката ситуација во светот. Во 2015 година со такво мислење биле 72 отсто од испитаниците. Но, промени има во однесувањето на Швеѓаните кон САД. Додека во 2015 година 54 отсто истакнале дека на САД гледаат како на сериозен проблем за мирот и безбедноста во светот, нивниот процент во 2016 година се зголемил на 62 отсто. Анкетата на МСБ е направена во периодот од 9 до 14 декември, еден месец по претседателските избори во САД.

Во однос на Истокот, 77 отсто од Швеѓаните истакнале дека Русија е сериозна закана за мирот и безбедноста во светот, што е пет отсто помалку од оние 82 отсто што го дале тој одговор во 2015 година. Истовремено, 55 отсто од испитаниците истакнале дека веруваат оти зголемениот број баратели на азил негативно влијае на мирот и безбедноста. Процентот на Швеѓаните што мислат дека има веројатност земјата да биде погодена од терористички напад во следните пет години е зголемен на 58 отсто, еден отсто повеќе од процентот во 2015 година.

#



Останати вести
Нападната полициска станица во Газијантеп, убиен еден од тројцата напаѓачи
Најмалку 25 загинати во двоен бомбашки напад во Kабул
Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија
Германија со електронски белезици ќе ги следи мигрантите - потенцијални терористи
Kирби: Неодговорно е да се покажат доказите за руското хакирање

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Makedonec od Avstralia, 11.01.2017 07:36:25
Najprvin vo Svedska treba da mu kazat na nivniot narod so kakva gnasna rabota se zanimava nivnata tajna sluzba,za da zemaat tehnologija posebno od Rusija cementiraa 500 svoi i 352 drugi nevini luge samo da ja sokrijata tajnata za krazbata na nuklearna tehnologija od Rusija.Odete i procitajte javna tajna po 20 godini zosto potona Brodot Estonija.
Најнови вести