период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 26.12.2016, 12:37

ИСХРАНА

Супите и медот - здрава увертира на зимското мени

Како да го зајакнете имунолошкиот систем и да се заштитите од болести во есен и зима, времето на настинки и грипови? Што ни носат студените денови? Кои намирници ни помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем? Како со исхрана да се изборите против болестите?

Есенска кошница

Овошјето што ја симболизира есента се грозје, костени и јаболка.

Грозјето е многу вреден извор на соединенија наречени биофлавоноиди (особено во неговата лушпа). Тоа се материи со изразено антиоксидантен потенцијал, што значи дека ги штитат клетките од штетното дејство на слободните радикали. Освен биофлавоноидите, во помали количини грозјето содржи фолна киселина и силициум, кој е исклучително важен за здравјето и убавината на кожата, особено на косата и на ноктите.

Костените се богати со скроб, а со тоа имаат и голема енергетска вредност. Покрај тоа, костенот е сиромашен со масти и обезбедува половина од калориите во еднакво количество ореви. Костените треба да ги јадат оние што страдаат од хронични ревматски заболувања, а се препорачуваат и за спречување предвремено стареење.

Благодарение на пектинот (нерастворливи влакна што набабруваат во контакт со вода), јаболкото во стомакот создава чувство на исполнетост и ситост. Освен тоа, јаболката содржат фруктоза, шеќер што може да ја задоволи желбата за слатки без да предизвика значајни промени во концентрацијата на глукоза во крвта. Лушпата на јаболката се препорачува за пациенти со болести на жолчката, пациенти со болести на дебелото црево и чир. Јаболкото исто така е ефикасно средство во алкализација на урината, што им помага на луѓето со дијабетес, ацидоза, болести на срцето, црниот дроб и бубрезите, со хронична дијареја, компликации во бременоста и долгорочни пости.

Богати со сложени јаглехидрати

Општо земено, при грип сите оброци треба да бидат здрави, но во исто време многу лесни, богати со сложени јаглехидрати.

Симптомите на настинката или грипот на сите ни се добро познати: течење на носот, кашлање, треска, висока температура (може, но и не мора), главоболка, болки во зглобовите, прекумерен замор и недостаток на апетит.

Најдобро е да пиете чаеви, билни напитоци и разредени овошни сокови. Треба да се спомене и енергетски богатата супстанција - мед. Особено се препорачува мед добиен од цвеќињата невен, липа и мајчина душица.

Од оброците, важни се закуските со многу течности - пред с`, супите. Супата од месо се смета за вистински мелем за телото и некои нутриционисти ја ставаат на највисокото место во исхраната на пациенти со грип. Лекарите се согласуваат дека пилешката супа е вистински благодат за секој што болен од грип.

Во Централна Европа за вистински лек за грип се смета супата со кромид. Црвениот кромид е богат со антиоксиданси флавоноиди. Овие супстанции, како што се витамините Ц и Е, и некои минерали (цинк, бакар, селен) го зајакнуваат одбранбениот систем на организмот.

Во исхраната треба да бидат вклучени тестенини, ориз, компири и интегрален леб по можност збогатен со сусам (калциум), сончогледово масло (витамин Е), лен (извор на есенцијални масни киселини) и соја (извор на есенцијални аминокиселини).

Можеби е излишно да се истакне, но не треба да се заобиколи ни зеленчукот: моркови, спанаќ, блитва и брокула се богати со бета-каротен, пигмент што телото го претвора во витамин А, и портокали, киви, цикорија, магдонос и пиперки, кои содржат големи количини витамин Ц. Витаминот А го зајакнува имунолошкиот систем и влијае на обновување и регенерација на слузницата на горните дишни патишта. Витаминот Ц е познат антиоксиданс и фактор, кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем.

Лукот долго се користи за да се намали насобирањето слуз и помага при болки во грлото. Познат е по тоа што ја намалува треската и генерално му помага на телото да се бори против цревни и респираторни инфекции.

Подготовки за студени денови

Ако ја следиме изреката "подобро да се спречи отколку да се лечи", треба да ги преземеме следниве мерки:
Обидете се да го намалите стресот или да ги ублажите неговите последици
Земете дополнителни количества витамин Ц во форма на витаминиски пијалаци
Во исхраната вклучете многу млечни производи добиени со ферментација (acidophilus млеко, јогурт, кефир, млечни култури)
Употребувајте препарати со цинк или јадете храна богата со цинк (црвено месо, риба и производи од риба, морски плодови, ореви)
Дневно пијте најмалку еден литар и пол течности (билни чаеви)
Јадете храна богата со растителни влакна (овошје, зеленчук, жита...)
Намалете го внесувањето на алкохол на минимум
Користете помалку рафиниран бел шеќер
Имајте помали и почести оброци во текот на денот (5 оброци)
Редовно вежбајте, пешачете секогаш кога ќе добиете шанса
Спијте најмалку седум часа на ден

(Е.Т.Е.)

#



Останати вести
Неколку знаци дека страдате од празничен стрес
Продолжениот режим на хормонална контрацепција го одложува месечното крвавење
Масло од кучешки трн - сојузник на вашето здравје и убавина
Масла и маски го намалуваат целулитот
Ублажете ги симптомите со кромид, жолчка и банани
Босилек за здраво срце

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести