период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 11.01.2017, 15:02

нба

Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча

Џејмс Харден со нов трипл-дабл го предводеше Хјустон до триумф над Шарлот (121-114) во кошаркарската НБА-лига. Популарниот Брада го забележа својот 11-ти трипл-дабл сезонава, петти на последните седум натпревари и му помогна на Хјустон да ја забележи деветтата победа во низа.

Харден имаше учинок од 40 поени, 15 скока и 10 асистенции. Хјустон влезе во неизвесен финиш, иако имаше предност и од 18 поени. Мечот го реши Рајан Андерсон кој постигна тројка на 90 секунди пред крајот.

Јута го изненади актуелниот првак Kливленд 100-92. Гордон Хејворд го доби дуелот со Леброн Џејмс, што беше клучно за триумфот на Јута. Хејворд постигна 28 поени, а Родни Худ 18. Леброн Џејмс со 29 поени беше најефикасниот кај Kливленд.

Милвоки имаше решение за Сан Антонио и славеше со 109-107. Сан Антонио го забележа петтиот пораз на домашен терен во тековната сезона, иако Kавај Ленард постигна 30 поени. Милвоки го предводеше до триумфот Мајкл Бизли со 28 поени.

Торонто имаше негатива од 16 поени против Бостон, но Демар Дерозан и друштвото стигнаа до победа 114-106. Дерозан постигна 40 поени, Kајл Лаури уфрли 24, а Јонас Валанчиунас оствари дабл-дабл од 18 поени и 23 скока.

На другите натпревари: Вашингтон го совлада Чикаго 101-99, Бруклин загуби од Атланта 97-117, Сакраменто го победи Детроит 100-94, Лејкерси загуби од Портланд 87-108, а Голден стејт триумфира против Мајами 107-95.

#



Останати вести
УЕФА го казни Партизан со неиграње во Европа поради финансиски долгови
Kавга меѓу играчите и раководството на Барса причина за непојавувањето во Цирих
Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Реал го пушта, Родригез не сака да биде најскап играч во светот
Седум години казнет со неиграње тенис поради наместен меч
Шарапова се враќа на терените во април во Штутгарт
Битолчани донесоа уште еден Бразилец
АТП ќе организира завршен турнир за млади за да се подготви за смена на генерацијата
Лазаров: Без математики, можеме да се справиме и со најсилните селекции
Салата во Битола се реновира, Пелистер во Челинџ-купот два пати гостин на Спортинг
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести