период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 19.05.2017, 18:22

ПРОФЕСОР ДЕЈАН МИРАKОВСKИ, ЕKСПЕРТ ЗА РУДАРСТВО, ЗА РУДНИKОФОБИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА

Повеќе нè загадуваат оџаците на куќитеотколку рудниците

Ни се случува апсурдна рудникофобија за која нема никаков објективен основ. Со неточни и недоволни информации кај граѓаните се внесе стравот од отворањето на рудниците на подрачјата на нивните општини поради што доаѓаме во ситуација да не можеме да ги искористуваме рудните богатства што ги имаме, предупредува во интервјуто за „Дневник“ доцент д-р Дејан Мираковски, декан на Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и еден од најпознатите македонските експерти за рудниците и заштита на природната средина. Зад него се четириесетина научноистражувачки проекти, како и учество во изработка на катастарот на емисии на загадувачки супстанции во воздухот, изработен под контрола на Европската агенција за животна средина.

Тој предупредува дека ако продолжи ваков неоправдан отпор кон развојот на оваа базична индустриска гранка, ќе се дојде во ситуација да не може да се гради никаде во земјата.

- Со денешна технологија сосема е можно рудниците воопшто да не предизвикуваат загадување на околната животна средина и тоа треба да им се објаснува на граѓаните. Потребно е да се гради партнерски однос со нив за да не дојдеме во ситуација никаде да не може да се отвори каков и да е рудник или друг индустриски капацитет во услови кога во Европа и во светот силен е трендот на што поголемо искористување на минералните богатства со кои располага некоја земја - потенцира овој експерт.

Дезинформации за рудниците во Гевгелиско

Дали сметате дека во земјата ни се случува своевидна рудникофобија, страв и нетрпеливост кон отворањето нови рударски капацитети?

- Да, но тука, за жал, мора да признаеме дека повторно доцниме зад западниот дел на Европа и другите развиени економии каде што ваквото агресивно исклучување на рударството од страна на јавноста, па и на другите индустриски активности, пред с`, хемиската индустрија, металургијата, енергетиката... беа карактеристика на последните декади на минатиот век поради тоа кампањите против тоа користат настани и слики од тие периоди. Во меѓувреме драстичните промени во сите сфери на работење, а пред с` етичкиот пристап кон искористувањето на ресурсите и планирањето со приоритет на заштитата на животната и работната средина, како и развојот и примената на побезбедни и поефикасни технологии, речиси целосно ја сменија перцепцијата за современото рударството. Новите начини на искористување на минералите во електрониката и енергетската ефикасност, зголемената употреба на металите во производството, складирањето и користењето на зелената енергија, како и можноста за ефикасно рециклирање, ги поставија рударските компании во основа на идните синџири на снабдување и задоволување на зголемените потреби од секаков вид производи есенцијални за современиот начин на живеење. Сето ова придонесе за сосема нов поглед кон оваа индустрија како одржлив и засега незаменлив дел на идната светска економија. Доволно е да се разгледаат иницијативите за екстракција на суровините од астероидите или дното на океаните за да ни стане јасно дека оваа индустрија не само што останува во фокусот на интерес туку доследно на традицијата на иницијатор на развој воведува сосема нови технолошки решенија од важност за идниот опстанок на човекот.

С` почна со референдумот во Гевгелија, со одбивањето на граѓаните да се отворат рудници на планината Kожув и тврдењата дека екологијата ќе биде уништена. Имате ли сознанија за овој случај, какво Ви е мислењето за него?

- Освен шпекулации, многу технички неточни и искривени информации, во јавноста не се појавија основните документи кои се основа за каква било дискусија на оваа тема. Дури ни стручната јавност не ги виде материјалите кои би потврдиле дека таму воопшто има минерални суровини кои би имало смисла да се експлоатираат, а уште помалку да се претпостави технологијата на експлоатација и можните влијанија така што навистина нема основ за каква дискусија на оваа тема во моментот.

Kолку е оправдан стравот кај граѓаните во однос на тоа дека рудниците како индустриски капацитети ќе ја загадат целата природна околина и дека ќе се уништи земјоделското производство во регионите? Дали граѓаните се доволно информирани?

- За жал, не се доволно информирани бидејќи повеќето на информациите што се пласираат се парцијални и погрешно интерпретирани, а понекогаш и тенденциозни. Рударската индустрија како и сите други има капацитет да го загади околниот простор, но тоа најчесто е резултат на непочитување на нормите или нецелосна имплементација на предвидените мерки на заштита, карактеристични за илегалните и слабо контролирани рудници. Од друга страна, современата рударска индустрија применува интензивни мерки на контрола на ризиците и вообичаено ретко се јавуваат серозни инциденти, дури и многу поретко споредено со другите индустрии.

Опасноста доаѓа од греењето на дрва

Можно ли е да има и земјоделско производство и чиста вода за пиење и туристички центри и рудници на еден потесен простор?

- Kако што претходно споменавме, ефектите од рудниците би требало да се јават само во зоната на експлоатација, и тоа само во периодот на експлоатација. Инаку, рударската индустрија, иако е доста интензивна, ниту според просторот што го зафаќа ниту според ресурсите и материјалите што ги користи (енергија, вода, процесни хемикалии), не би можела да има значителни негативни ефекти на регионално, а уште помалку на глобално ниво. Многу други човекови активности претставуваат поголем товар врз животната средина, на пример, според официјалните податоци, емисиите од греењето на дрва во скопската котлина емитираат 100 пати повеќе цврсти честички на годишно ниво (околу 2.000 тони годишно) од целата индустрија (погоните на железарницата, цементарницата со рудникот, тутунскиот комбинат...) во истата таа зона (околу 25 тони годишно). Новите светски практики во заштитата на животната средина предвидуваат спроведување превентивен мониторинг на воздухот, почвите и подземните и површинските води во околината на предвидените рударски проекти за да се добијат податоци кои подоцна ќе служат за споредба со истите тие податоци добиени при работењето на рудникот. На тој начин ќе се детектираат евентуалните влијанија на тие операции врз квалитетот на почвите и водите за да се преземат соодветни мерки за ублажување на влијанијата доколку е потребно. Истовремено, при работењето на рудничките постројки се спроведуваат и т.н. активности за партиципативен мониторинг при што самите фармери и одгледувачи на култури, заедно со рудничката компанија, се вклучени во процесот на мониторинг на квалитетот на почвите, водите и земјоделските култури, со што се обезбедува транспарентност во работењето и достапност на податоците од мониторингот до пошироката јавност, а воедно со обезбедуваат и докази за квалитетот на културите од акредитирани лаборатории.

Партнерски односи со граѓаните

Вредат ли рудните богатства во Македонија толку за да се отвораат рудници? Што с` имаме како рудно богатство и каде с` е концентрирано? Што ризикуваме да загубиме како економски потенцијал?

- Овде мора да се констатира дека територијата на нашата држава, за жал, не е доволно истражена не само од аспект на економско искористување туку и од многу други аспекти важни за целокупниот развој на нашата земја. Ние веќе имаме неколку големи рудници, кои се во врвот на профитабилни компании во државата, на пример, дури 3 рударски компании се во првите 10 по профитабилност. Од она што е јавно достапно, рудникот „Иловица-Штука“ би требало во периодот на работење да обезбеди над 300 милиони евра во директни даноци на државата и исто толку во плати за вработените. Дополнително, локалните самоуправи на Босилово и Ново Село би требало пропорционално да делат над 3 милиони евра годишно на име надоместоци од продажба на минералните суровини.

Горните наводи доволно кажуваат за димензиите на оваа индустрија и нејзината важност за нашата земја, па, така, доколку проектите може безбедно за средината да се реализираат, навистина не гледам зошто би требало да ги отфрлиме.

Од друга страна, состојбата во Европа е сосема поинаква. Европската комисија во 2008 усвои нови стратегии за развој на сопствената база на минерални ресурси, а посебен акцент на минералната индустрија е ставен и во програмите за развој, како „Хоризонт 2020“. Дури и ако ги заобиколиме нордиските земји, како традиционални лидери во оваа област, големи нови руднички капацитети во последните години се отворени во Шпанија, Ирска, Португалија и Турција. Kај нашите соседи во Србија и Бугарија се развиваат неколку нови локации за експлоатација на бакар и злато од светска класа, а во Србија се работи и на еден од најголемите рудници на литиум во светот.

Ова, секако, н` става во прилично неповолна состојба. Инсистирањето на јавноста за заштитата на средината е добро и тоа мора да продолжи, но апсурдниот страв или незнаењето секогаш биле катастрофални за развојот на општеството и сметам дека во денешно време тоа не смее да се дозволи.

Сметате ли дека ако продолжи ваквата рудникофобија, ќе дојдеме во ситуација во земјата да не може никаде да се отвори рудник? Kако да се одбегне тоа? Kако граѓанин на Гевгелија, на Валандово, Дојран, на што би инсистирале во однос на градењето на рудниците на општинските територии?

- Иако засега овие иницијативи се локализирани, секако предизвикуваат немир кај компаниите во оваа индустрија. Со потранспарентен однос, пред с`, на индустријата и државните институции и на сите инволвирани стручни и научни организации, би требало овие состојби да се превенираат. Kомпаниите би требало да градат партнерски односи со локалните заедници и да работат на подобрување на меѓусебната доверба. Таква пракса веќе постои и кај нас, во зоните на активни рудници, поради што и тие заедници многу подобро ги прифаќаат активностите на тие компании.

Граѓаните можеби со право реагираат имајќи го лошото искуство со некои други индустриски капацитети во земјата од аспект на загадувањето што го прават и непреземањето еколошка заштита? Нели се во право во однос на тоа?

- Да, многу индустриски објекти градени во други услови од повеќе причини не успеаја да се приспособат на новото време и направија значителни штети во зоните каде што функционираат. Сепак, со денешната регулатива повеќето од тие објекти се или затворени или пред затворање и неопходно е што побрзо да се преземат активности за санирање на проблемите. Притисокот од јавноста е добар коректор на овие состојби и се надевам дека ќе ги превенира таквите случаи во иднина. Тука, секако, сметам дека подобро е граѓаните да партиципираат во контролата и донесувањето одлуки, а не да ги блокираат новите капацитети. Така би започнале циклус на развој добар и за општеството и за животната средина, кој навистина ни е повеќе од неопходен.

Kазандол не е опасен за околината

Сега е актуелен референдумот во општините Валандово и Дојран за отворањето на рудникот за бакар во Kазандол, кој е веќе во изградба. Отпорот е со иста еколошка аргументација, а рудникот, кој е странска инвестиција, веќе се гради. Kакво мислење имате за овој случај?

- Овој случај е доста поинаков, се работи за објект кој веќе ги добил потребните дозволи и е во фаза на изградба. Тоа, секако, ги усложнува работите како за инвеститорите така и за локалното население. Можеби многу поефикасни во оваа фаза би биле барањата за поголем увид во процесите што се одвиваат, а пред с` вклучување во мониторингот на сите активности и барања за доследно почитување на предвидените мерки на заштита и превенција на ризични состојби и/или надополнување со нови мерки доколку преку заедничка соработка се докаже дека е потребно. Изјаснувањето на база на нецелосни или неточни информации може да направи сериозни штети на сите инволвирани.

Инаку, од технички аспект се работи за релативно мал руднички објект, лоциран надвор од земјоделско земјиште, со процес кој доколку добро се контролира, не би требало да предизвика влијанија во поширокото подрачје. Емисиите на прашина од ваков објект имаат само локален ефект (непосредно во зоната на експлоатација) и се контролираат едноставно (со прскање вода и добра организација на работите), а испарувањето на киселината во амбиентални услови е невозможно. Секако, постојат и ризици (поврзани пред с` со течностите што циркулираат во процесот), но тие може и мора да бидат добро контролирани, инаку објектот не би требало да добие дозвола за работа. Во секој случај стравувањата што проструија низ јавноста се во најголем дел без основа, ризиците може да се контролираат, а какви било ефекти, посебно на регионално ниво, се многу, многу малку веројатни.

Шведскиот град Kирува доброволно се преселува поради рудникот

Kакво е искуството во другите земји, какви мерки на заштита се преземаат. Има ли рудници во близина на населбите?

- Лидерите во оваа индустрија се пред с` нордиските земји, САД, Австралија и Kанада и нивните технологии и искуства се основа на современата рударска индустрија. Бидејќи ова е глобална индустрија, технологиите и политиките што се применуваат се исти или слични во развиениот свет. Инаку, многу големи рудници со своето работење образуваат/ле градови кои речиси секогаш се во непосредна близина. Покарактеристичен пример е градот Kируна во Шведска, лоциран веднаш до истоимениот рудник, а кој со дозвола на локалното население во 2015 започна со релокација за да може рудникот да продолжи со работа.

Бранко Ѓорѓевски

#



Останати вести
Бабата Христина и дедото Јован ја чуваат од бебе, а Јована ги вика мама и тато
Има ли место за држава Kурдистан на блискоисточната мапа?
Kој од тие што „јадат живи луѓе“ ќе добие ролја директор на МНТ?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести