период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 20.04.2017, 16:02

„Самсунг галакси С8“ и на македонскиот пазар

По светската премиера „Самсунг електроникс“ ги претстави своите најнови паметни телефони „галакси С8“ и „галакси С8+“ на македонскиот пазар. Официјалната продажба во Македонија почнува на 28 април, а сите заинтересирани овие паметни телефони ќе може да ги нарачаат кај операторите и малопродажните партнери.

Уредите „галакси С8“ и „С8+“ се карактеризираат со бескраен екран и компактен дизајн без рамка. Покрај стандардно врвната дуал пиксел камера од 12 мегапиксели на задната страна, за љубителите на добрата фотографија, уредите пристигнуваат и со премиум-камера на предната страна од 8 мегапиксели со автоматско зумирање.

Љубителите на сериите „галкси С“ во Македонија ќе може да го изберат својот уред во една од трите бои: полноќно црна, орхидеја сива и арктички сребрена, а препорачаната малопродажна цена (со вклучен ДДВ) изнесува 49.499 денари за „галакси С8“, односно 55.999 денари за „галакси С8+“.

#



Останати вести
Работилница за партнерство за подобра бизнис-регулатива
Проект за преквалификација и вработување ИТ-кадри
Турски ИТ и здравствени компании заинтересирани за инвестиции во Македонија
Во ЕУ најфалсификувани лековите, кај нас спортската опрема и чантите
5.000 туристи од Полска ќе се сончаат на охридските плажи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести