период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 19.05.2017, 15:36

ФУДБАЛ – ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ KОЛА со ДВЕ НЕПОЗНАТИ

Трајчевски: Работнички оди во Тетово да го осигура евронастапот

Македонскиот прволигашки фудбалски шампионат влегува во завршницата со одигрувањето на последните три кола, кои треба да дадат одговор на уште две непознати, кој ќе биде последниот тим од мак-сцената што ќе игра во квалификациите од Лига Европа, а кој ќе разигрува во баражот за опстанок. Вардар е старо-нов шампион и учесник во квалификациите од Лигата на шампионите, Пелистер ја победи Шкендија во финалето од Kупот и си извади виза за Лига Европа каде што сигурни се и тетовските „црвено-црни“ како второпласирани во првенството. Неизвесно е кој ќе биде вториот патник од првенствената трка во ова меѓународно клупско натпреварување. Работнички во последните три кола влегува на саканата позиција која носи настап во Лига Европа, со пет бода предност сега пред единствениот конкурент Ренова. Финишот од прволигашката трка треба да даде и одговор кој ќе биде тимот кој ќе игра во баражот за опстанок со третопласираниот второлигаш, покрај веќе испаднатите Брегалница и Македонија ЃП.

Работнички утре (16.30 ч) ќе гостува кај депримираната Шкендија, која зад себе има неуспешна сезона. Не освои ниту еден трофеј, а имаше тим за највисоки дострели. Недостигот од резултати беа причина на клупата кај тетовските „црвено-црни“ сезонава да седнат дури четворица стратези, но таа шок-терапија не ги донесе саканите резултати. По финалниот куп-пораз каде што Шкендија ја бранеше титулата, тетовци ја реализираа и најавената смена на претседателската функција од каде што се повлече Абдулменаф Беџети, а го наследи Агим Kуртиши, досегашен член на раководството.

- Го респектираме ривалот, но и ќе се обидеме да го искористиме негативниот психолошки момент во нивните редови за да освоиме бодови и да го верификуваме евронастапот. На чекор сме до исполнување на целта и ќе сториме с` за да останеме непоразени на гостувањето во Тетово - порачува Душко Трајчевски, капитенот на Работнички, кој закрепна од повредата и се враќа во тимот од Градски парк.

Баражот за опстанок теоретски им се заканува на Силекс, Победа и Шкупи за кои секој гол, па и бод ќе биде драгоцен да имаат мирно лето по завршувањето на првенствените обврски.

Двојки за утрешното (16.30 ч.) прволигашко 34. коло: Победа – Македонија ЃП, Шкупи – Брегалница, Шкендија – Работнички, Вардар – Ренова, Силекс – Пелистер.

Табела: Вардар 76 бода, Шкендија 65, Работнички 53, Пелистер 51, Ренова 48, Силекс 42, Победа 35, Шкупи 33, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Двојки за денешното (16.30 ч) второлигашко 26. коло: Скопје – Металург, Новаци – Академија Пандев ( се игра во Kичево), Еуромилк – Влазерими, Хоризонт – Вардар Неготино, Тетекс – Тиквеш.

Табела: Академија Пандев 62 бода, Скопје 50, Новаци 42, Еуромилк 34, Хоризонт 33, Влазерими 31, Металург 26, Тиквеш 25, Вардар Неготино 22, Тетекс 22.

#



Останати вести
Вардар и Металург ќе одиграат финале пред финалето во ракометниот Kуп
Соколи во четвртиот финален меч ќе му биде домаќин на МЗТ
Шпанија во Скопје доаѓа со Иниеста, Рамос, Пике, Kоста, Мората...
Харден ја предводи најдобрата петорка во НБА-лигата за сезонава

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести