период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 18.05.2017, 18:28

АЛБАНСKИОТ ЛОБИСТ СО KУП ЛАГИ ВО АМЕРИKАНСKИОТ KОНГРЕС

Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени

На сослушување во Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Kонгресот, откако се обрати заменик-помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, се обрати и претседателот на Албанско-американската граѓанска лига, Џозеф Џ. Диогарди. Тој се осврна на нападот врз пратеникот Зијадин Села и упадот во Собранието.

- Тие што ги нападнаа оние што гласаа за новиот претседател на Собранието беа помошници на досега владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нивни платеници и паравојски. Тоа беше обид за да се внесе страв кај тие што сакаат реформи во корумпираната македонска власт предводена од поранешниот премиер Никола Груевски - изјави Диогарди, кој е и поранешен конгресмен.

Тој истакна дека партијата ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Груевски, е насилна антиалбанска политичка партија во која членуваат осудени криминалци, спомнувајќи го Јохан Тарчуловски.

- Вистинската загриженост на партијата ВМРО-ДПМНЕ е страв од кривична одговорност за лидерите, вклучувајќи ги Груевски и директорот на неговата тајна служба, кои најверојатно ќе се соочат токму со тоа кога ќе ја загубат моќта - смета Диогарди.

Познати се неговите антимакедонски ставови и величањето на Албанија и албанството, секогаш претставувајќи ги Словените како виновници за страдањата на Албанците на Балканот. Така беше и овој пат кога тој рече дека тие што го тепале Села се претставници на словенската власт. Потоа тој додаде дека само еден телохранител Албанец го бранел Села, што е доказ за економската дискриминација што се врши врз Албанците, истакна Диогарди.

При обраќањето тој коментира и дека Русија ќе ја искористи ситуацијата за да влијае и да создаде етнички конфликт за да ја зајакне својата позиција на Балканот.

Според неговите предлози, САД повеќе не треба да чека Европската Унија да ја реши политичката криза во Македонија и дека треба да преземе водечка улога пред да настане хаос и да биде голема политичката, финансиската и хуманитарната цена за расчистување.

Kако резултат на настаните од 27 април и одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот тој смета дека САД и ЕУ треба да имплементираат санкции против Македонија.

#



Останати вести
Хојт Ји не се консултирал со својот шеф Тилерсон за Македонија
Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести
Груевски: Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко
Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 02:44:38
POTPOLNO STE VO PRAVO I POLITICARITE OD DPMNE SE NAJGOLEMI PROFITERI .
do idiotot Diogardi, 19.05.2017 04:50:06
Ti za nekakvi Bugari vo Makedonija gi smetash onie Makedonci koi zemale bugarski pasoshi.No tie toa go napravija za da dobijat rabota vo zapadna Evropa i ne se kazhuvaat za Bugari,tuku Makedonci.
Petre 2, 19.05.2017 06:35:25
Ovoj gosp. zatruen od lazna propaganda ne kaza deka tn.Albanski partii se sostaveni od TERORISTI koi vo 2001 g. ubivaa, kidnapiraa, palea .... i sega ke bidat del od novata vlada !!! i toa so podrska od demokratskite DIVOZAPADNI SILEDZII. Gosp. odi sokrij se vo grmuski i ne prodavaj PUFKI.
Prodan, 19.05.2017 08:11:50
Diogradi: Vo Makedonija po ... (citat). Gospdine toa ne e tocno, no tocno e deka vie ste po edna tretina glupak, degenerik i idiot.
Најнови вести