период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 18.05.2017, 16:34

Центарот за деца со церебрална парализа ќе се смести во УЗ „Славе Георгиевски - Шнајдерот“

Децата со церебрална парализа од Дневниот центар до изградбата на новото основно училиште „Kапиштец“ ќе бидат сместени во објектот на урбаната заедница „Славе Георгиевски - Шнајдерот“ на улицата Мирче Ацев, која е во сопственост на Општина Центар.

- Просторот е со површина од 250 квадратни метри и ќе биде целосно реконструиран, опремен и адаптиран за престој на децата. По изградбата на училиштето во Kапиштец, тие ќе добијат на користење 300 квадратни метри во новиот објект каде што ќе имаат најсовремени услови, и тоа со посебен влез - информираат од Општина Центар.

Оваа одлука, по предлог на градоначалникот Андреј Жерновски, ја донесоа едногласно членовите на Советот на Општина Центар на последната седница.

Новиот простор што ќе го користат наредните две години е во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата што се движат со помагала и ќе има соодветно адаптирани тоалети.

Од Општината информираат дека претставници на Здружението на родителите на децата со церебрална парализа присуствувале на седницата на Советот и биле задоволни од одлуката.

#



Останати вести
Велосипедска трка низ Скопје
Валидаторот прво ги троши временските билети, а потоа парите на е-картичката

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести