период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 20.03.2017, 17:44

Иванов со порака до СДСМ, ДУИ, АлиЈансата и беса

Откажете се од платформата, за да добиете мандат

Очекувавме досега да биде осудена и отфрлена тиранската платформа која отвора прашања во Македонија. Досега тоа не е случај и се плашиме дека ова може да биде преседан што ќе го користат други држави да вршат притисок, како што се случува во последно време и во некои други земји, изјави вчера шефот на македонската држава, Ѓорге Иванов. На средбата во Будимпешта со својот унгарски колега Адер Јанош тој искажа јавна благодарност до Унгарија која поведе иницијатива со барање до Советот на ЕУ да се отфрли и осуди тиранската платформа.

На средбата Иванов и Јанош разговарале за политичката состојба во Република Македонија, како и за можните излези од оваа криза која земјата со години ја држи во заложништво.

- Особено се усложнува состојбата што сега имаме влијание од друга држава во внатрешните работи во Македонија со изготвување платформа, која е постизборна и која опфаќа прашања што ние сметаме дека досега се затворени со Охридскиот рамковен договор и со Уставот - истакна македонскиот претседател.

Иванов, одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека ургентно е потребно конститутивната седница на Собранието на РМ да биде завршена, да се избере претседател и да може активностите што ги имаме како држава нормално да се спроведуваат.

Во контекст на тоа порача дека мнозинството треба да се откажат од тиранската платформа за да може да го добијат мандатот за да се формира влада која ќе почне да се справува со сите овие предизвици.

- Има правни пречки кои би се совладале доколку заврши конститутивната седница и има политичка пречка, а тоа е да се отфрли и осуди платформата од Тирана - рече Иванов.

Унгарскиот претседател, пак, рече дека од разговорот заклучил оти македонскиот претседател се стреми за изнаоѓање решение во согласност со заклетвата како претседател на РМ и со одредбите на македонскиот Устав и дека само едно такво решение би било прифатливо.

Тој истакна дека речиси 10 години на Македонија ~ се нудат позитивни, но лажни забелешки и ветувања во поглед на евроинтеграцијата.

- По лажните и празни ветувања, сега е дојдено време за започнување вистински преговори помеѓу ЕУ и РМ - рече тој.

#



Останати вести
Чавков: Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот
Фотографија стара три години ја вметнуваат како да е дел од „За заедничка Македонија“
Се тресе „Алијансата“ на Зијадин Села
Хан и тројката ќе се скријат од „За заедничка Македонија“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Резултати од изборен инженеринг се добиен мандат за во затвор а не за во собрание, 20.03.2017 22:46:38
Претседателе, народот не е на улица за да ја подржи работата на собранието. Народот е тука за нови избори затоа што очигледно беше безочно и дрско излажан пред изборите. Тоа е кривично дело и легитимно добиен мандат за во Идризово, а не мандат за влез во собрание. Никој од пратениците нема легитимитет да влезе во собранието после резултат добиен преку изборен инженеринг! Нови избори, веднаш, и не според правила од некакви си маалски договори. Народот ниту рамковен, ниту пржински признава. Собранието не е цел народ. Ако сакате легитимитет за маалските договори, ставете ги на референдум, па согласно резултатот или ќе ги поништите или ќе ги примените!
Најнови вести