период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 16.02.2017, 15:47

ЏАМБО АГУШЕВ ЌЕ ГОСТУВА ВО ЛОНДОН

Проектот Taksim Dream премиерно на „Би-би-си“

Македонскиот трубач со интернационална кариера Џамбо Агушев, сними нов рефрен. Освен неговиот оркестар, во проектот под наслов Taksim Dream партиципира и легендарниот турски кларинетист Хусну Шенлендиричи. Соработката меѓу двајцата докажани инструменталисти се случила спонтано.

- Минатото лето, додека оркестарот на Агушев престојуваше на грчкиот остров Санторини, Џамбо одлучи да обработи песна на Хусну посветена на неговата ќерка, композицијата Naz. Подоцна патиштата повторно им се вкрстија кога нашиот музичар отпатува во Истанбул како гостин на новиот проект на Меркан Деде. Таму имаше можност да се запознае и да соработува со синовите на Хусну, но и да ја претстави токму нумерата Taksim Dream. Песната многу му се допадна на Хусну и тој со задоволство прифати истата да ја снимат заедно– информираат од „Пасворд продукција“.

Двајцата артисти веќе размислуваат за уште неколку заеднички проекти. Taksim Dream наскоро ќе биде промовиран на една од најгледаните телевизии во светот, британскиот канал „Би-би-си“. На 28 февруари Џамбо ќе одржи и концерт во Лондон.

#



Останати вести
Убавините на Струга во несекојдневна љубовна приказна
Жртвите на ракот на дојката ги покажаа лузните на модната писта

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести