период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 16.02.2017, 16:43

Претепани и ограбени двајца мигранти

Двајца мигранти од Пакистан биле пронајдени претепани, вчера на автопатот Скопје-Kуманово, информираа од МВР. Според полицијата, половина час по полноќ било пријавено дека во близина на село Бунарџик има две лица со повреди на главата и телото. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле И.А.С. и Ф.K.А., државјани на Пакистан, кои илегално влегле во Македонија.

Според кажување не едниот од мигрантите, кога дошле на мостот за селото биле нападнати од петмина со палки и шипки. Разбојниците ги претепале и им ги зеле парите. И.А.С., кој бил во несвест, и Ф.K.А. биле пренесени во Медицински центар Скопје, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

#



Останати вести
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Ученик паднал од прозорец
Очув ги силувал малолетните ќерки
Ограбена уште една обложувачница
МВР: Граѓаните навреме да извадат нови дозволи за оружје
Таткото загина, синовите повредени во пожар во Локвица
Тетовец фатен со 400 грама марихуана во автомобилот
Плаќал бензин со лажна петстоденарка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести