период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 20.03.2017, 15:16

„ВИЗИЈА“ СО НОВ ПРОЕKТ И РЕГИОНАЛНА ТУРНЕЈА

Спот за темата „Гласно“ потпишан од гитаристот на бендот

Скопскиот алтернативен рок-бенд „Визија“ го објави спотот за „Гласно!“, сингл од истоимениот албум кој лани во декември концертно беше промовиран во Младинскиот културен центар. Автор на видеозаписот е Марко Џамбазоски, гитаристот на составот.

Групата, која постои пет години, во својата биографија има настапи на големи балкански фестивали, меѓу кои „Заечарска гитаријада“, „Таксират“, „Јелен демофест“, „Лејк фест“ и „Миксер“. „Визија“ пред две години беше рангиран меѓу најдобрите нови состави од целиот свет на списокот кој го објави британската музичка страница Emerging Indie Bands, а нивната песна „Гласот на мојата душа“ се најде на листата со најдобри рефрени од страна на американското радио WМБР.

Во бендот кој наскоро ќе реализира мини-турнеја во регионот членуваат Марко Џамбазоски, соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо, вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова, бас-гитара и придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ, тапани.

(Ѓ.С.)

#



Останати вести
Уживам со моите близначки
„Kуку леле“ ја сними „Рома романтика“
Лила, Јована и Симона блеснаа како невести

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести