период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 16.02.2017, 17:54

KОНЕЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДАНОЧНИТЕ ПРИХОДИ

Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година

Една милијарда и 153 милиони евра се даночните приходи што државата ги собрала во државниот буџет лани. Сумата е безмалку 6,5 проценти поголема од вкупните приходи во 2015 година. Најголемо натрфлување има кај данокот на додадена вредност (ДДВ), а приходите по оваа основа во буџетот лани биле 10,2 проценти повисоки од тие во 2015 година. Помали се приходите кај данокот на добивка.

Во суми, од ДДВ во буџетот лани се слеале 747 милиони евра, а во 2015 година ДДВ-приходите изнесуваат 678 милиони евра. Kај персоналниот данок на доход исто така има зголемување на приходот ако се споредуваат податоците за лани и 2015 година, или по оваа основа во 2016 година во буџетот се собрале 10 проценти повеќе пари. Даночните приходи во 2016 година од персоналец изнесуваат 231 милион евра, а предминатата година биле 210 милиони евра.

Сепак, лани има помали приходи во однос на 2015 година кога станува збор за данокот на добивка. Потфрлувањето изнесува 10,5 проценти. Од данок на добивка лани во буџетот инкасирани се 175 милиони евра, а во 2015 година 195 милиони евра.

Познавачите со кои разговаравме велат дека приходите од данокот на добивка лани поради високата основа од предминатата година кога поради законските измени беа собрани повеќе пари од овој данок.

Во 2015 година, пак, вкупните даночни приходи изнесувале милијарда и 83 милиони евра. Растот на даночните приходи од 6,5 проценти ќе биде во услови на раст на вкупната економија меѓу 2 и 3 проценти, но и длабока политичка криза која силно влијае на економската активност.

(А.Т.)

#



Останати вести
Само 11 земји со одличен рејтинг за своите државни обврзници
Украина прогласи вонредна состојба во енергетиката
Франција, Германија и Италија бараат дозвола за блокирање кинески преземања во ЕУ
„Тиквеш“ исплати над 60 отсто од откупеното грозје од последната берба
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести